Што се случи со знамето со мапа на „Голема Албанија“ кое се вееше во Белград?
Знамето со мапа на „Голема Албанија“ кое го предизвика вчерашниот инцидент на фудбалскиот наптревар Србија-Албанија е запленето од страна на српската полиција.
Како што потврдиле од српската полиција за „Блиц“, знамето е конфискувано и се чува како доказен материјал за инцидентот.
Ова знаме кое беше поставено на беспилотно летало го надлета стадионот на Партизан во Белград и предизвика лавина од негодувања кај публиката.
Српскиот фудбалер Стефан Митровиќ се обиде да го симне знамето, на што му се нафрлија албанските репрезентативци. Албанските медиуми наведуваат дека поранешниот репрезентативец на Швајцарија Таулант Џака изјавил дека не сакал да дозволи „Шкиите да го држат знамето“. „Шкии“ се погрдно име за Србите кое го користат Албанците.
Слично
