Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што се случи со нафтата откако Иран објави дека Ормутскиот теснец е отворен?

Што се случи со нафтата откако Иран објави дека Ормутскиот теснец е отворен?

Цената на нафтата денеска нагло падна за околу 10 проценти, откако Иран објави дека Ормутскиот теснец е повторно отворен за сообраќај, што ги поттикна очекувањата за нормализирање на глобалното снабдување со енергија.

Референтната светска цена на суровата нафта од типот Брент падна на помалку од 90 долари за барел, поради оптимизмот дека редовните испораки би можеле да се обноват по неколкунеделни прекини, објавува „Гардијан“.

Иранските власти изјавија дека бродовите мора да користат однапред дефинирани и координирани рути утврдени од националната поморска администрација.

Дополнителен стимул на пазарите им даде и американскиот претседател Доналд Трамп, кој ги потврди информациите за повторното отворање на теснецот, наведувајќи дека преминот е „целосно подготвен за сообраќај“.

Оптимизмот на инвеститорите беше дополнително поттикнат од извештаите дека Вашингтон и Техеран преговараат за можен крај на конфликтот, вклучително и предлог според кој САД би одмрзнале околу 20 милијарди долари ирански средства во замена за откажување на Иран од збогатениот ураниум.

Ормутскиот теснец е од клучно значење за глобалниот енергетски пазар, бидејќи голем дел од светските испораки на нафта минуваат низ него, па секоја промена на неговиот статус директно влијае на цените на енергијата и финансиските пазари.

Слично

Поврзани вести