Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што се случи со германската економија во 2017 година?

Што се случи со германската економија во 2017 година?

Германија важи за економскиот мотор на Европската унија. 

БДП на земјата  лани порасна за 2,2% во спредба со 1,9% претходната година. Ова е најголем раст од 2011 година. Ниските каматни стапки, релативно евтиното евро и зголемената домашна приватна потрошувачка, се фактори кои доведоа до ваков раст.

Според  германскиот Завод за статистика, инвестициите и потрошувачката, но и градежништвото, даваат најголем придонес за раст. Трошењето на Владата расте со побавно темпо. Лани вишокот на трговското салдо се зголемило и  придонело за поголем БДП, додека една година порано тоа се намали.

Германија во 2017 година имаше и рекорден буџетски вишок, според одделни владини податоци. По неколку години борење со хроничен дефицит, Владата успеа да ја зголеми состојбата на плус 38,4 милијарди евра, што е 1,2% од БДП.

Ова е четврта година по ред на вишок и е најголема од досегашното обединување на Германија.

Слично

Поврзани вести