Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што се случи со децата кои се затруја во Хрватска?

Што се случи со децата кои се затруја во Хрватска?

Децата затруени на брод во Хрватска се будат од кома.

Здравјето на двете деца на возраст од 5 и 14 години кои се затруја на брод во близина на Хвар е стабилно. 

По три дена, лекарите во сплитскиот Клинички центар започнале да ги будат од кома, пренесе ХРТ.

Децата се затруја од јаглерод моноксид од неправилно вграден генератор во едреник со кој  тргнале на крстарење по Јадранот.

Сопственикот и капетанот на бродот, се осомничени дека предизвикале трагедијата во која загина 57-годишниот Евгенио Винчи, а две деца се во животно загрижувачка состојба.

Тие се осомничени дека во моторот на бродот вградиле бензински агрегат, поради што дошло до истекување на отровни гасови.

Хрватскиот министер за поморство, Олег Бутковиќ, изрази жалење за трагичниот настан во Хвар, потсетувајќи дека хрватскиот Регистар на бродови редовоно врши контрола кај бродовите кои се во пловна состојба.

Слично

Поврзани вести