Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕСКА: Загинати и повредени, билансот може да биде страшен!

ШТО СЕ СЛУЧИ ДЕНЕСКА: Загинати и повредени, билансот може да биде страшен!
Откако американската амбасад упати сочувство до семејствата на жртвите на загинатите во полициската акција во Куманово, се засилија шпекулациите дека бројката на мртви во акцијата може да биде многу голема. Некои медиуми најпрвин јавија за 3 загинати полицајци и три цивили, иако како што дознаваме оваа бројка најверојатно не е конечна. Полицијата не кажува колку жртви има на едната или другата страна, но клиниките се под силно полициско обезбедување, а во неколку наврати беа донесени ранети полицајци. Во меѓувреме во Куманово не престанува престрелката и оружените дејствија. Хеликоптери постојано летаат на релација Скопје Куманово. Дел од цивилното население на „Дива населба“ е евакуирано. Партиите повикаа на воздржаност. ВМРО ДПМНЕ и ДУИ побараа граѓаните да видат смирени, СДСМ побара единство. На социјалните мрежи има разногласие дали ќе се одржат за вечерва најавените протести против полициската бруталност. Во меѓувреме некои портали јавија дека месните комитети на ВМРО ДПМНЕ се спремале за протести на Бихаќка. И додека народот се држи во неизвесност сите со право си го поставуваат прашањето: Кому сево ова му беше потребно? Каде оди Македонија? Одговорот со ладни глави, ќе треба да го добиеме наредниве денови. Сега само да чекаме и да се надеваме дека нашите, невини, македонски и албански жртви нема да бидат вовед во уште поцрна иднина!
Слично

Поврзани вести