Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што се крие зад семејната драма во Хиподром?!

Што се крие зад семејната драма во Хиподром?!
Психолози: Нема страв и срам да се бара стручна помош! Не е срамно ниту страшно да се побара стручна помош, да се разговара и да се најдат заеднички решенија за секој семеен проблем -вели за Фактор, психологот Јана Зенговска од Првата детска амбасада Меѓаши. Тие секојдневно се соочуваат со деца и младинци  кои директно ги чувствуваат и ги гледаат недоразбирањата во семејството, но во многу случаи како што вели,  решенијата лежат во разговорот и стручниот третман како клучен фактор за превенција. Помош според неа  нема да добие само оној кој несака да ја побара, а кога се зборува за последици наместо за превенција најчесто е веќе доцна. “Детето во овој случај е жртва за да се привлече внимание кое најверојатно и било потребно во дадениот момент на мајката, за потоа кога увидела што се случува да посегне и по својот живот. Неможеме со сигурност да кажеме што стои зад овој случај, но доколку пројавувала вакви или слични реакции истите требало да бидат пријавени и соодветно третирани” -вели психологот Зенговска. Според неа  неопходно е да се проговори за важноста на менталното здравје, а  општеството да биде  поддржувачко кога станува збор за оваа тема. Кај нас вели Зенговска, за проблемите се зборува кога веќе кулминирале и најчесто е доцна да се превземат превентивни мерки, туку се работи на пронаоѓање на причините и последиците,  кои се најголеми и најболни особено за децата. “Важно е граѓаните да бидат информирани соодветно што претставува менталното  здравје  и каде можат да се обратат доколку имаат некој проблем. Кога тие ќе бидат информирани можеби и без страв и срам ќе посетат психолог, психијатар или психотерапевт. Сите ние во одредени животни периоди сме се соочиле со некои предизвици кои предизвикале некави трауми, недоумици или ни преставувале проблем. Посетата на стручно лице е важна за превенција. Таткото на малото детенце  во овој момет ќе биде најважен кога станува збор за детето и за семејството,  водени од фактот дека сеуште не се знае состојбата на мајката. Треба да се обезбеди соодветна стручна помош првенствено за детето за полесно надминување на траумите. Но исто така на таткото му е потреба помош и поддршка со цел соодветно да постапи во оваа ситувација,  да ги зајакне своите личносни и родителски капацитети.  Сетоа ова би преставувало еден долготраен процес кој подразбира системски пристап”-додава психологот Зенговска. Тешко е да се предвиди зошто мајката посегнала по својот и животот на своето дете, но клучен проблем кој дополнително произлегува и на кој треба сериозно да му се пристапи  е дека овој настан првенствено ќе остави последици по животот на детето и дирекно ќе влијае на понатамошниот раст и равој како  на неговата перцепиција за себе, околината така и на начинот на регирање и делување. Последиците според Зенговска се длабоки и далекусежни бидејќи воедно ќе се промени целокупната динамика во семејтвото. Дополнително вели многу е важно  да не се  заборави психолошкото насилство кое навидум е незбележливо, но многу често жртвите секојдневно се изложени на истото и  тешко им е да го докажат. Психолошкото насилство е суптилен начин за систематско  терозирирање на личноста кое резултира со намалена самодоверба, депресија , промена на самопрецепцијата и перцепцијата на околината. “Да се побара помош е неоходно. Но не секогаш луѓето , сакаат и знаат каде да побараат. Воедно сметам дека особено кога станува збор за насилство во  било кога форма потребно е истото да се пријави па дури и да не веруваме пријавувањето ќе ни помогне. Важно е да има запис дека сме побарале помош и сме алармирале за сотојбата во која се наоѓаме.  Никој неможе аа знае како се чувствуваме или дека сме жртви на нечие насилство, ако тоа не е пријавено. Но, исто така треба да бидеме свесни дека на никој неможеме да му помогнеме  ако небара и несака помош”-порачува психологот Зенговска од Првата детска амбасада Меѓаши. С.Б.
Слично

Поврзани вести