Што се договорија министерот и винариите за цените на Смедеревката и Вранецот?
10 денари за Смедеревката, а 12 за Вранецот. Ова се договорија министерот Хоџа и винариите а повикот е што поскоро да се нормализира откупот, а оние лозари кои предале грозје под овие цени, разликата ќе им биде надоместена.
Винариите да ги отворат вратите со цел да се нормализира откупот за да нема застој во динамиката а истите и да направат корекција во цените и да ги објават, кажа министерот.
Овие цени важат за сите без исклучок а во петок на средба со лозарите, министерот ќе им пренесе и лично на закажаната средба.
20,3 милиони евра е сумата со која државата лани интервенирала во лозарството.
Слично
