Според извештајот на Завод за статистика најплатените професии во Македонија се забележуваат во компјутерсјата индустрија воздухопловството и маркетингот. Најниски во текстилната и кожарската индустрија
Највисоките просечни плати се забележуваат во дејностите:
Компјутерско програмирање, консултантски и сродни дејности (45.301 денари);
воздухопловен транспорт (43.683 денари);
Маркетинг (реклама и пропаганда) и истражување на пазарот (42.277 денари);
Произодство на основни фармацевтски производи и фармацевтски препарати (42.021 денари) и
Финансиско-услужни дејности, освен осигурување и пензиски фондови (40.906 денари).
Најниски просечни плати има во дејностите:
Производство на кожа и слични производи од кожа (11.303 денари);
Производство на облека (12.379 денари);
Производство на мебел (13.329);
Преработка на дрво и производи од дрво и плута, освен мебел, производство на предмети од слама и плетарски материјал (13.301 денари);
Рибарство и аквакултура (13.387 денари) и
Услуги поврзани со одржување на згради и дејности на уредување и одржување на животната средина и природата (13.553 денари).