Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што разговараше Заев со европратеничката тројка?

Што разговараше Заев со европратеничката тројка?

Опозицискиот лидер вчера оствари средба со европратеничката тројка Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгел.

Според информациите од кабинетот на Заев, на средбата се разговарало за имплементацијата на Договорот од Пржино.

Заев смета дека овој политички договор е единствена можност земјава да излезе од долгата политичка криза, упатувајќи на фактот дека целосно спроведување на Договорот може да создаде услови за  одржување на фер и демократски избори.

Тој пред европратениците напомена дека опозицијата ги исполнила сите досегашни обврски од истиот договор, а искажа жалење за неспроведените реформи кои директно се поврзани со  изборниот и предизборниот процес.

Единствено, прочистен Избирачки список ќе ја врати довербата кај граѓаните, рече Заев а слободните медиуми и слободата на говор според него се  директно поврзани со демократскиот амбиент во предизборниот период.

Покрај средбата со Заев, Ричард Ховит, Едвард Кукан и Иво Вајгел се сретнаа и со лидерите на ДУИ Али Ахмети и на ДПА Мендух Тачи.

Европратениците кои престојуваат во земјава од вчера, денеска ќе имаат средби во ДИК, а треба да се сретнат и со специјалната обвинителка Катица Јанева.

Нивната посета е со цел да се забрза усвојувањето на преостанатите обврски од договорот.

Слично

Поврзани вести