Што промени Ципрас во грчката влада?
Грчкиот премиер Алексис Ципрас направи промени во составот на владата со цел да ги задоволи барањата на меѓународните кредитори и да престане падот на неговата популарност.
Главните министри ги задржуваат досегашните позиции - меѓу нив се министерот за финансии и главен преговарач со ЕУ и ММФ Еуклид Цакалотос, како и оние за надворешни работи и за одбрана, Никос Коцияс и Панос Каменос.
Поради барањата на доверителите за забрзување на процесот на продажба на државен имот Ципрас го вклучи во кабинетот и поранешниот директор на Агенцијата за приватизација Стергиос Пициорлас.
Промени има и во министерствата за економија и во тоа за труд и социјална политика. Досегашниот министер за труд Јоргос Катругалос го презема Министерството за европски прашања. На негово место застанува блиската соработничка Ефи Ахциоглу.
Димитрис Пападимитриу го презема Министерството за економија, а досегашниот шеф на тоа министерство Јоргос Статакис оди во екологијата и енергијата. Панајотис Скурлетис го презема Министерството за внатрешни работи. Како најголем губитник од промените се покажува Никос Филис, кој ја изгуби својата позиција во Министерството за просветни и верските прашања поради тешките судири со црквата.
Јанис Музалас застанува на чело на новото Министерство за миграцијата. Десната рака на Ципрас Никос Папас го презема Министерството за дигиталната политика, телекомуникацијата и информациите. Се создава и одделно Министерство за туризам, кое ќе биде раководено од Елена Кундура.
За министер за правда, транспарентност и човекови права е доделен Ставрос Контонис.
Новиот кабинет е со 49 члена, со тројца повеќе од претходниот. Опозициската „Нова демократија“ ги нарече промените „редизајн и рециклирање“.
Според последните анкети партијата на Ципрас „Сириза“ заостанува со 5-10 отсто од „Нова демократија“.
