Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што продаде „Тетекс“ и дали 3,4 милиони евра ќе одат во дивиденда?

Што продаде „Тетекс“ и дали 3,4 милиони евра ќе одат во дивиденда?

Во периодот што следи „Тетекс“ ќе инкасира 3,4 милиони евра од продажба на недвижен имот за чија локација нема официјална информација. Многу е веројатно дека компанијата годинава ќе ја заврши со добивка која може да надмине 3,7 милиони евра што значајно ги зголемува очекувањата за солидна дивиденда...

Поранешниот текстилен гигант „Тетекс“ наскоро ќе заработи 3,4 милиони евра. Оваа информација многу веројатно ќе биде катализатор за пазарната цена на таа акција која се тргува на берзанска котација на Официјалниот пазар на Македонската берза. „Тетекс“ и официјално потврди дека склучил преддоговор за продажба на недвижен имот. Договорот е склучен на 20 октомври, а компанијата ќе инкасира 3,4 милиони евра од таа продажба.

Засега нема официјална информација за тоа што е предмет на продажба и каде се наоѓа имотот. Голема е веројатноста дека недвижноста е на територијата на општина Тетово.

Дека договорот за продажба бил пробиен како инсајдерска информација упатува трансакцијата со 171 акција во вредност од 7.000 евра со пазарна цена од 2.500 денари за акција склучена на берза на 20 октомври еден ден пред да биде склучен договорот за купопродажба. Пазарната цена по која е реализирана трансакцијата е само за 75 денари пониска од највисоката годишна цена на таа акција.

„Тетекс“ за првите девет месеци објави дека нето добивката изнесува околу 300.000 евра што е за 78 отсто послаб резултат од лани. Компанијата книжи загуба од оперативното работење во износ од 170.000 евра што е резултат на, пред се, драстично зголемените трошоци за суровини и други материјали.

Воедно пад бележат, а на оперативната загуба придонесуваат, намалените приходи од работењето за 30 отсто во споредба со истиот период лани. 

„Тетекс“ девете месеци работа ги заврши во добивка исклучиво благодарејќи на финансиските приходи кои изнесуваат 467.000 евра. А при тоа финансиските расходи се нула.

„Тетекс“ во последниве неколку години е една од најдобитните акции од аспект на редовната и пристојна исплата на дивиденда.

Р.Ф.

Слично

Поврзани вести