Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што предвидуваат Уставот и законите, доколку СДСМ ги одбие мандатите?

Што предвидуваат Уставот и законите, доколку СДСМ ги одбие мандатите?
Дали Македонија влегува во длабока политичка криза, откако лидерот на опозициската СДСМ, Зоран Заев обелодени дека не го признава изборниот процес без разлика на постигнатите резултати. Домашната експертска јавност, вели дека правни можности за надминување на проблемот постојат, но тоа ќе ја втурне Македонија во нова и мачна политичка криза. Фактор, ви ги презентира правните аспекти кои ги нудат Уставот и Изборниот законик во ваква ситуација. Може да се забележи дека ваква ситуација не е предвидена.  УСТАВОТ ЗА ОРГАНИЗАЦИЈАТА НА ДРЖАВНАТА ВЛАСТ

Член 62

Собранието го сочинуваат од 120 до 140 пратеници. Пратениците се избираат на општи, непосредни и слободни избори со тајно гласање. Пратеникот ги претставува граѓаните и во Собранието одлучува по свое уверување. Пратеникот не може да биде отповикан. Начинот и условите за избор на пратениците се уредуваат со закон што се донесува со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Член 63

Пратениците во Собранието се избираат за време од четири години. Мандатот на пратениците го верифицира Собранието. Мандатот почнува да тече од конститутивната седница на Собранието. Новоизбраното Собрание се состанува на конститутивна седница најдоцна 20 дена по одржаните избори. Конститутивната седница ја свикува претседателот на Собранието од претходниот состав. Доколку не се закаже конститутивна седница во предвидениот рок, пратениците сами се состануваат и го конституираат. Собранието на дваесет и првиот ден од денот на завршувањето на изборите. Избори за пратеници во Собранието се одржуваат во последните 90 дена од мандатот на стариот пратенички состав или во рок од 60 дена од денот на распуштањето на Собранието. Мандатот на пратениците во Собранието може да се продолжи само во случај на воена или вонредна состојба. Со закон се утврдува неспојливоста и неизбирливоста на функцијата пратеник во Собранието со вршење на други јавни функции или професии. Собранието се распушта ако за тоа се изјасни мнозинството од вкупниот број пратеници.

Член 65

Пратеникот може да поднесе оставка. Пратеникот оставката ја поднесува лично на седница на Собранието. На пратеникот му престанува мандатот кога е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години. На пратеникот може да му биде одземен мандатот кога е осуден за кривично или друго казниво дело што го прави недостоен за вршење на функцијата пратеник, како и за неоправдано отсуство од Собранието повеќе од шест месеци. Одземањето на мандатот го утврдува Собранието со двотретинско мнозинство гласови од вкупниот број пратеници.

Член 90

Претседателот на Република Македонија е должен во рок од десет дена од конституирањето на Собранието мандатот за состав на Владата да го довери на кандидат на партијата, односно партиите што имаат мнозинство во Собранието. Мандаторот во рок од 20 дена од денот на доверувањето на мандатот, на Собранието му поднесува програма и го предлага составот на Владата. Владата, на предлог на мандаторот и врз основа на програмата, ја избира Собранието со мнозинство гласови од вкупниот број пратеници. ШТО ВО СЛУЧАЈ КАКО АКТУЕЛНИОТ? ВАКВА СОСТОЈБА НЕ Е ПРЕДВИДЕНА НИКАДЕ Пратеничките мандати треба да бидат верифицирани на конститутивната седница на Собранието. Доколку СДСМ остане на ставот за бојкот, нејасно е што ако некој одбие да го прими уверението од ДИK за избран пратеник. Секој од кандидатите на пратеничките листи  кои во согласност со извештајот на ДИK станале народни избраници, ќе треба лично да поднесат оставка на седница на Собранието.  Еве што предвидува Изборниот законик 1. Престанување на мандатот и дополнителни избори за пратеници

Член 152

(1) На пратеникот му престанува мандатот пред истекот на времето за кое е избран, ако: поднесе оставка, е осуден за кривично дело за кое е пропишана казна затвор во траење од најмалку пет години, настапи случај на неспоивост со функцијата пратеник, во случај на смрт и со правосилно решение е лишен од деловна способност. (2) Ако пратеникот поднесе оставка, Собранието на првата наредна седница констатира дека на пратеникот му престанува мандатот од денот на одржувањето на таа седница. (3) Мандатот на пратеникот му престанува со денот на настанувањето на условите од ставот (1) алинеи 2, 3, 4 и 5 на овој член, а Собранието тоа го констатира на првата наредна седница.

Член 153

(1) Ако на пратеник кој е избран од листата на кандидати му престане мандатот според еден од основите утврдени во членот 152 на овој законик, тогаш за остатокот од мандатот, пратеник на Собранието станува наредниот кандидат од листата. (2) Државната изборна комисија го известува наредниот кандидат од листата во случаите од ставот (1) на овој член, во рок од три дена од престанокот на мандатот на пратеникот. (3) Ако наредниот кандидат од листата од ставот (2) на овој член не ја извести Државната изборна комисија во рок од осум дена за прифаќањето на мандатот, тоа право се пренесува на наредниот кандидат од листата. (4) Во случај кога е исцрпена листата на кандидати согласно со ставовите (1), (2) и (3) на овој член, остварувањето на ова право започнува повторно од почетокот на листата на кандидати, доколку на листата има кандидати.

Член 153-а

(1) По исклучок од членот 153 од овој законик, ако е жена пратеникот кој е избран од листата на кандидати, а на кого му престанал мандатот според еден од основите утврдени во членот 152 од овој законик, тогаш за остатокот од мандатот, пратеник на Собранието станува наредниот кандидат од листата жена. (2) Државната изборна комисија го известува наредниот кандидат жена од листата во случаите од ставот (1) на овој член, во рок од три дена од престанокот на мандатот на пратеникот. (3) Ако наредниот кандидат жена од листата од ставот (2) на овој член не ја извести Државната изборна комисија во рок од осум дена за прифаќањето на мандатот, тоа право се пренесува на наредниот кандидат жена од листата. (4) Во случај кога е исцрпена листата на кандидати согласно со ставовите (1), (2) и (3) на овој член, остварувањето на ова право се врши согласно со членот 153 од овој законик.

Член 154

(1) Ако на листата на кандидати нема кандидати и ако се исцрпени основите за стекнување мандат на пратеник утврдени во членот 153 на овој законик, се распишуваат дополнителни избори за избор на пратеници во изборната единица од која е избран пратеникот. (2) Ако на пратеник кој е избран од листата на кандидати од трите изборни единици во Европа и Азија, во Северна и Јужна Америка и во Австарлија и Азија му престане мандатот според еден од основите утврдени во членот 152 на овој законик, се распишуваат дополнителни избори за избор на пратеници во изборната единица од која е избран пратеникот.
Слично

Поврзани вести