Што предвидуваат измените на законот за архивско работење ?
Измените на Законот за архивски материјал содржат новини со кои се олеснува канцелариското и архивското работење. Експертите од Нова Консалтинг накусо ги објаснуваат овие измени.
1.Досегашните три акти кои се донесуваа, односно Планот на архивски знаци, Листата на архивски материјал и Листата на документарен материјал со рокови за негово чување се заменуваат со еден акт кој во иднина ќе се донесува, а тоа е План на архивски знаци со листа на архивски и документарен материјал, со што се поедноставува постапката како за јавните така и за приватните иматели на архивски и документарен материјал. Овие измени соодветно ќе бидат разработени во Упатството за начинот и техниката на постапување со архивскиот и документарниот материјал во канцелариското работење.
2.Се врши прецизирање дека како физички лица се подразбираат физичките лица кои вршат дејност, услуги и слободни занимања.
2б. Наместо досегашните обврските за сите правни и физички лица иматели на приватен архивски материјал без оглед на нивната големина (известување на Државниот архив за поседувањето на архивскиот и документарниот материјал, водење основна евиденција за архивскиот и документарниот материјал, донесување и доставување до Државниот архив на план на архивски знаци, листа на архивски материјал и листа на документарен материјал, чување и заштитување на архивскиот и документарниот материјал и.т.н.), со измените имателите на приватен архивски материјал и документарен ги имаат следниве обврски:
-
- да водат основна или сопствена евиденција за архивскиот и документарниот материјал;
- да донесат план на архивски знаци со листа на архивски и документарен материјал;
- да вршат тековно одбирање на архивскиот од документарниот материјал, и
- да го чуваат трајно архивскиот материјал.
- Предвиден е исклучок кој се однесува на имателите на приватен архивски материјал кои доколку имаат до 49 вработени, имаат обврска за донесување: на план на архивски материјал со листа на архивски и документарен материјал доколку имаат архивски материјал. Тоа значи дека за имателите на приватен архивски и документарен материјал и натаму остануваат обврските за водење основна или сопствена евиденција (ДЕЛОВОДНИК), вршење тековно одбирање на архивскиот од документарниот материјал и трајно чување на архивскиот материјал.
- Со овие измени на имателите на приватен архивски материјал им се дава можност: или да водат основна евиденција (деловодник) или евиденција согласно нивна номенклатура на броеви, важно е да имаат евиденција на документацијата која ја создаваат.
Слично
