Што предвидуваат експертите на цената на нафтата?
Од 15 големи трговци со нафта, 14 предвидуваат дека цената на нафтата ќе се движи од 40 до 60 долари за барел во 2017 година.
Ова е според истражувањето на Блумберг, чии резултати се претставени на Азиско-пацифичката конференција за нафта.
Аналитичарите мораа повторно да ги ревидираат своите очекувања.
„Проблем е што кога цените ќе појдат нагоре, пребрзо Американците произведуваат повеќе нафта. цената ќе се движи меѓу 40 и 50 долари, а макесимално 55 долари за барел“ - изјави Арзу Азимов.
Трговците со нафта, кои ги интервјуирал Блумберг, изјавиле дека цените дивееле кон почетокот на оваа година, но дека Иран, Саудиска Арабија, па дури и САД, изненадиле со зголемено производство, одложувајќи го неизбежниот ребаланс.
Слично
