Што прави Турската централна банка за контрола на инфлацијата?
Турската централна банка ќе ги земе потребните мерки за да ја контролира инфлацијата.
Ова го изјавија од кабинетот на премиерот, Бинали Јилдирим по средбата на Советот за координирање на економијата во Турција.
Советот за координирање на економијата одржа средба во Анкара во петокот, за да разговараат за тоа како да се изолира економијата од последната нестабилноста на финансиските пазари, која според политичарите се должи најмногу на глобалните случувања. Тоа го соопштија од кабинетот на премиерот по 4-часовната сесија.
Турската валута поевтини за 1,1% во однос на американскиот долар рано во петокот. Инвеститорите се обложуваат дека турските централни банкари нема да ги зголемат трошоците за кредитирање за поддршка на валутата кога ќе се соберат на месечната средба за утврдување на каматните стапки на 24 ноември.
Ќе бидат спроведени реформи кои ќе ја подобрат отпорноста на економијата кон шокови.
