Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што прават воени бродови во Албанија?

Што прават воени бродови во Албанија?

НАТО воени бродови впловија во Драч.

Два борбени брода дел од мисијата за брза реакција на НАТО во Средоземјето, впловија во најголемото албанско прстаниште Драч.

Бродовите се дел од холандската и канадската морнарица и нивното пристигнување, според командантот на француската морнарица Сјоерд Фенстра претставува „признание за придонесот на Албанија, како дел од мисиите на НАТО на копно и на море“.

Нивниот престој на албанското крајбрежје се поврзува со десетгодишнината од членството на државата во Североатлантската алијанса, како и спроведување воена вежба со албанската морнарица.

Поморските сили на Албанија се дел и од мисијата за спасување на имигранти во водите на Егејско Море.

Слично

Поврзани вести