Што потпишал Ахмети на денешната средба со Заев?
Опозицискиот лидер Зоран Заев и коалицискиот лидер на владеачката партија Али Ахмети денеска имале средба, пренесуваат дел од медиумите.
Средбата била во седиштето на СДСМ а дел од медиумите брифираат дека теми на разговор биле одлуката на Иванов за аболиција, негова оставка и изборите на петти јуни.
Нова Тв пренесе пак дека ДУИ ја потпишал Иницијативата за отповикување на Иванов од претседателската функција.
Двете партии го делат истиот став дека одлуката за аболиција на Иванов треба да биде отповикана.
Имено со ваков став и предлог утрово се изјаснила и од владеачката партија.
Имено , од ВМРО-ДПМНЕ соопштија дека денеска ќе предложат да биде испратено писмо до Претседателот Иванов, потпишано од четирите најголеми политички партии, со барање да биде преиспитана одлуката за прекинување на кривичните постапки.
Во текот на денот ВМРО-ДПМНЕ ќе стапи во контакт со останатите три партии при што ќе им го понудиме нашиот предлог, се вели во соопштението на ВМРО ДПМНЕ, стоеше во нивното соопштение.
