Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО ПОТПИШАА Русија и Саудиска Арабија за нафтениот пазар?

ШТО ПОТПИШАА Русија и Саудиска Арабија за нафтениот пазар?

Русија и Саудиска Арабија во Хангжу, каде денес завршува дводневниот самит на Г-20, потпишаа заедничка декларација за стабилизирање на нафтениот пазар.

Документот беше потпишан од рускиот министер за енергетика Александар Новак и министерот за енергетика, индустрија и минерални ресурси на Саудиска Арабија Халед ибн Абдул Азиз ал Фалих.

По оваа порака нафтата од типот Брент од Северното Море за испорака во ноември поскапе за 5,4 проценти до 49,15 долари за барел.

Москва и Ријад ќе дејствуваат заедно за одржување на стабилноста на нафтениот пазар и обезбедување на одржливо ниво на инвестиции, се вели во декларацијата.

Русија и Саудиска Арабија ја признаваат потребата од ограничување на прекумерната нестабилност на нафтениот пазар. Двете земји ќе формираат работна група за следење на пазарот и изработка на препораки за обезбедување на неговата стабилност, а нејзината прва седница ќе биде во октомври.

Министрите за енергетика на Русија и Саудиска Арабија ќе се состанат во октомври во Алжир и во ноември во Виена, предвидува документот.

Слично

Поврзани вести