Што поскоро да се реши спорот со „Љубљанска банка“!
Двајцата претседатели, на Словенија и на Хрватска, Борут Пахор и Иво Јосиповиќ, ги повикаа владите на нивните две земји што поскоро да најдат решение за спорот со „Љубљанска банка“ и изразија надеж дека словенечкиот Парламент ќе го ратификува Договорот за членство на Загреб во ЕУ.
„Верувам дека Словенија и Хрватска ги водат одговорни луѓе. Немам причини да се сомневам дека со уважување на своите национални интереси, тие ќе го направат она што е најдобро за двете држави“, изјави Јосиповиќ по средбата со Пахор во Салзбург.
Пахор пак изјави дека очекува словенечкиот Парламент да и овозможи на Хрватска без проблеми да влезе во ЕУ на 1 јули.
„Немам сомнежи дека две трертини од пратениците (во словенечкиот Парламент) ќе го исполнат тоа, кога ќе биде најдено решение за „Љубљанска банка“ врз основа на виенскиот Договор (за сукцесија на СФРЈ)“, рече Пахор.
Слично
