Што порачаа политичарите од Албанија по ратификацијата?
Албанскиот премиер Еди Рама на Твитер им се обрати на своите колеги Алексис Ципрас и Зоран Заев, изразувајќи им почит и честитки за „историскиот договорот“.
„Повторно почит и честитки за Алексис Ципрас и Зоран Заев за нивнотоисториско достигнување и ставање крај на долгиот конфликт меѓу Грција и Северна Македонија. Тоа беше тешко но навистина многу добро направено драги пријатели”, напиша Рама.
Спикерот на албанскиот парламентот, Грамоз Ручи го поздрави ратификувањето на Договорот, нарекувајќи го храбар чин на Грција.
Албанскиот претседател Илир Мета, вели дека ратификацијата во Грција е историско достигнување и одлична вест за билатералните односи, европската и евроатлантската перспектива на нашиот регион.
Слично
