Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што порачаа Груевски и Венизелос во своите обраќања пред ООН?

Што порачаа Груевски и Венизелос во своите обраќања пред ООН?
Македонскиот народ никогаш нема да прифати да биде преименуван. Решавањето на разликите со јужниот сосед е приоритет на Македонија, но само во рамки на границите на резолуциите на Обединетите Нации, потенцираше премиерот Никола Груевски во своето обраќање пред Генералното Собрание на Обединетите Нации. Тој ја повика меѓународната заедница повеќе да се ангажира за да се надмине деценискиот спор меѓу Скопје И Атина, а на Грција и забележа дека ги попречува сите обиди на Македонија да се доближи до евроатлантските структури. Груевски побара и од ОН да не седат со скрстени раце и активно да се вклучат во решавањето на спорот околу името. По Груевски, свое обраќање од говорницата на ОН имаше и грчкиот вицепремиер и министер за надворешни работи, Евангелос Венизелос. За разлика од Груевски, тој едвај го спомена спорот околу името. Венизелос уште еднаш ги потврди грчките позиции за „ерга омнес“ или име за севкупна употреба, како единствено можно решение на спорот. „Ние сакаме да ги развиваме нашите односи со ПЈРМ брз основа на принципите на Повелбата на Обединетите нации и во рамките на добрососедските односи. Грција е посветена на тековниот процес на преговори во ОН за да се изнајде решение на спорот за името. Затоа ги продолжуваме нашите напори да изнајдеме заемно прифатливо име, за сите употреги, ерга омнес, кое нема да остави сиви зони и ќе дозволи јасно разграничување меѓу нашата соседна земја и регионот Македонија во северна Грција“ - изјави Венизелос.
Слично

Поврзани вести