Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што порачаа демонстрантите од пред Собранието?

Што порачаа демонстрантите од пред Собранието?

Голем број револтирани граѓани, претставници на Студентскиот пленум, активисти, опозиционери се собраа трет ден пред Собранието, за да побараат оставка од претседателот Ѓорѓе Иванов за срамната аболиција.

Тие носат транспаренти на кои пишува „Бараме прочистен избирачки список“, „Бараме фер и демократски избори“, „Никогаш повеќе ваква власт“ и слично.

„Бараме повторно свикување на Собранието, одлагање на изборите и оставка на Иванов. Динамиката со која се спроведуваат реформите не овозможува враќање на демократијата. Македонија ризикува да влезе во подлабока антидемократија. Собранието треба итно да се состане, во спротивно останува само активно да ги бојкотираме однапред наместените криминални избори“ - рече Огнен Јанески.

Професорката Мирјана Најчевска порача дека е доста  молење и понижување.

Организаторите од „Протестирам“ освен  оставка од Иванов, бараат и итно ослободување и отфрлање на какви било обвиниенија против 13-те приведени од вчерашните протести и отпочнување на процес за избор на експертска влада која би го подготвила теренот за слободни и кредибилни избор.

„Овие протести се на сите граѓанки и граѓани. Протестите ни припаѓаат на сите нам, обединети во лутината кон тековниот безизлез и во поривот за подобра иднина, која е поставена на демократски темели“ - велат од „Протестирам“.

Улиците низ центарот на Скопје се блокирани, присутно е силно полициско обезбедување.

Слично

Поврзани вести