Што покажала анализата на Анѓушев и економските министри
Владата направила анализа, која, како што велат, покажала дека економијата, во нејзиното време на владеење од две и пол години, е подобра за разлика од претходниците.
„Тимот на вицепремиерот Анѓушев, заедно со министрите од економските ресори, изработија сериозна анализа, базирана на официјални податоци и статистики. Анализата споредува три сетови од по 8 квартали, односно периодите од јули 2013 до јуни 2015, јули 2015 до јуни 2017 и од јули 2017 до јуни 2019 година. Фактите и бројките се непобитни, економијата е посилна од било кога“, соопштија од Владата.
Владата успеала, велат, за 2 години да отвори повеќе од 54.000 нови работни места, со што земјава дојде до историски најниската стапка на невработеност од 17,4 отсто.
![]()
„Просечната плата порасна за 2.297 денари во овие две години, за разлика од растот од само 821 денари во времето на претходната Влада“, велат од Владата.
Цената на струјата е пониска и стабилизирана, во време на претходната влада порасна за 100 отсто, велат од Владата.
Се отвораат повеќе фабрики. За две години, Владата потпишала 34 нови договори за странски и домашни инвестиции. Од нив, 12 фабрики се изградени, а 22 фабрики се во процесот на изградба.

Пораснале и странските инвестиции.
„За две години, во Северна Македонија се инвестираа 741 милиони евра. За ова се одговорни два фактори надминувањето на политичката криза и започнување со работа на нашата одговорна и транспарентна влада и решавањето на сите наши билатерални спорови со соседите и откочувањето на евро-атлантските интеграции. Фокусот на економијата, заедно со членството во НАТО ќе донесе уште повеќе странски инвестиции“, велат од влста.
