Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО ПОБАРАА ЗА ВОЗВРАТ: Германците им го отпишаа долгот на БиХ!

ШТО ПОБАРАА ЗА ВОЗВРАТ: Германците им го отпишаа долгот на БиХ!

Германската влада на Босна и Херцеговина и го отпиша долгот од 20 милиони евра откако го исполни условот да инвестира 4 милиони евра во јакнење на обновливата енергија.

БиХ 4 милиони евра ќе инвестира во рехабилитација на хидроелектраните Требиње и Рама.

Германскиот амбасадот во БиХ Кристија Хелбах го поздрави фактот дека на тој начин финансиската соработка помеѓу две држави вродила со плод, со што се поттикнува за БиХ важниот развој на секторот на обновливи извори на енергија, кој и понатаму крие големи потенцијали.

Истовремено, Германската влада на овој начин дава индиректен допринос за заштита на климата.

Досега за проекти со финансиска соработка со германската влада БиХ вкупно на располагање ставила околу 750 милиони евра, соопштува германската амбасада во БиХ.

Слично

Поврзани вести