ШТО ПО ИЗБОРИТЕ: Еврото паѓа, Ципрас пред големи одлуки!
Од изутринава едно евро се менува за 1,1098 долари, што е најниска вредноста на европската во однос на американската валута од септември 2003 година. Ова е првата реакција на светските берзи по победата на Ципрас на изборите во Грција. Што ветуваше, а што ќе оствари Ципрас?
[button color="orange" size="big" link="https://www.fxlider.com/mk/RegisterReal1/?tag=50$bonus&tag1=faktorfranak" target="blank" ]СЕГА Е ВРЕМЕ: Заработете тргувајќи со швајцарскиот франк![/button]
Ослабена од должничката криза, шестгодишна депресија и рецесија, а притисната од меѓународните кредитори да спроведе сурови реформи за штедење и откази, Грција постоизборно ја чека тешка економска битка.
И покрај тоа што овие предвремени парламентарни избори се сметаат како одлучувачки за економската иднина на земјата, домашната експертска јавност коментира дека без разлика на крајниот постизборен исход, Грција ќе мора да го задржи европскиот курс.
“Иако во текот на изборната кампања бевме сведоци дека левичарската коалиција СИРИЗА најавуваше радикална промена на економските политики, која може и да се толкува како вовед во процесот на напуштање на Грција од Еврозоната, сепак сметам дека оваа европската економија ќе мора да ги исполни обврските кон меѓународните кредитори, во поглед на реформите, бидејќи политичарите се свесни за тежината на состојбата“, коментираат аналитичарите за “Фактор“.
Постизборно, над Грција која останува слаба економска точка на Европската Унија, остануваат тешките проблеми со големиот јавен долг, високата стапка на невработеност од една страна и превработеноста во јавниот сектор, од друга страна.
Економистите потесетуваат дека Грција избегна банкрот токму на потегот на меѓународната финанасиска тројка, осбено од ЕУ и ММФ кои обезбедија 240 милијарди евра за спас на економијата, но отпишаа и речиси 100 милијарди евра по основ на долгови.
Преговорите за оваа финасиска помош беа тешки и долги, но Грција во безизлез, исправена пред амбис, стави потпис на договорот со кој превзема обврска да ги намалува платите, пензиите, бројот на вработени во јавната управа, односно да спроведе политики на штедење што ќе водат кон намалување на буџетските трошења а со тоа и запирање на веќе длабокиот јавен долг.
Инаку, постојната програма за меѓународна финансиска помош требаше да заврши до крајот на 2014, но последната транша во износ од 1,8 милијарди евра не беше преведена, затоа што ветените од владата на Андонис Самарас реформи застанаа. Програмата беше продолжена до крајот на февруари, но поради изборите е многу веројатно, роковите да се продолжат до летото.
Ќе има ли економска пресвртница ?
Излезе од еврозоната, крај на суровите мерки за штедење. Ова беа клучните ветувања, што спакувани како нова економска политика, им ги понуди левичарската радикална коалиција СИРИЗА на гласачите во текот на изборната кампања.
“Грчкиот народ сака конечно да се стави крај на политиката на штедење, која го уништи нашето општество и нашата земја”, изјави Димитрис Пападимулис, еден од лидерите на движењето СИРИЗА и заменик-претседател на Европскиот парламент. Во интервју за “Дојче веле” тој посочува дека земјата ја изгубила меѓународна конкурентност.
Според Пападимулис, БДП на Грција се намали за 25% во изминатите 5 години, невработеноста достигна невиден ниво од 25%, а кај младите секој втор е без работа.
“Нема егзистенција, туку долгови и бреме кое во овие години не само што не е намалено, туку дури и се зголемило“, посочил еден од лидерите на СИРИЗА.
СИРИЗА им вети на гласачите дека во случај на победа ќе побара ревизија на условите за доделување на финансиска помош и ќе инсистира пред доверителите за уште едно големо простување на долговите.
Ова сценарио, според лидерството на Неа демократија може да биде погубно за економската иднина на земјата, која сеуште се соочува со криза.
“Во таков случај може да настане опасност од Grexit – излез на Грција од еврозоната”, вели Јоргос Киртсос, европратеник од конзервативната партија Нова демократија, која во последните две години ја предводеше досегашната владина коалиција.
Како што објанува Киртос за Дојче Веле, законите во Европската Унија не предвидуваат излегување или исклучување на Грција од еврозоната, но според европратеникот, ако новата влада не успее да се договори со европските земји-кредитори, без нивната финансиска помош на Атина нема да и остане ништо друго освен да почне да ја печати сопствената валута, за да ги плаќа барем платите на вработените во државната сфера. Европратеникот се надева дека нема никогаш да дојде до ова сценарио.
Европратеникот од НД разработува неколку постизборни сценарија , во едно од нив посочува дека доколу СИРИЗА состави лева влада можно е да дојде до прекин на односите со меѓународните кредитори.
“Тогаш може да биде иницирано прашањето за излегувањето на Грција од еврозоната”., оценува Киртсос.
Отстапување од реториката?
Од друга страна аналитичарите не ја исклучуваат можноста Ципрас да остапи од сегашната радикална реторика, која првенствено во фокусот ја има економијата. Во таков случај, левичарската коалиција може да се соочи со внатрепартиски конфликт но и со револтот на гласачите, однсно граѓаните кои се изложени на сериозни последици од должничката криза.
Според податоците, јавниот долг на Грција изнесува скоро 320 милијарди евра. Оптимизам наговестуваат прогнозите за економски раст годинава од три проценти. Сепак, невработеноста и натаму останува најголем проблем за Грција, која сега е на ниво од околу 25%, драматично зголемено ниво пред да почне економската криза во 2008 та гдина, кога стапката на невработеност изнесуваше 7,3%.
Европа со будно око ќе ја следи постизборната разврска во Грција, со глед на тоа што европските лидери веќе посочија дека во никој случај земјата не треба да се надева на нв отпис на долгови, туку да продолжи со спроведување на реформите за штедење.
Грција минува низ тежок економски период кои ќе биде врежан ви историјата на оваа земја, која по Втората светска војна беше една од најистрошените и најсиромашни држави во Европа.
Левоцентристички, социјалистички премиери ја управувале земјата неколкупати, но толку широка поддршка, како сега, партија блиска до комунистичките идеи не добила од 1958 година.
А.Д.
Слично
