Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО ПО 11 ДЕКЕМВРИ: Не е наивно – опасност од девалвација !

ШТО ПО 11 ДЕКЕМВРИ: Не е наивно – опасност од девалвација !

Сегашните политики се неодржливи, и по најавените предвремени парламентрани избори мора да има промена, во спротивно, нема да не изненади грчкото сценарио – смета универзитетскиот професор, и еден од поранешните министри за финансии,  Никола Поповски.

Еве кои се неговите очекувања за економијата по 11 декември:

“Мој впечаток е дека и со и без 11 декември, многу брзо, за година, две или три, ако не се промени ништо сега, ќе чукнат на врата, многу сериозно, големи проблеми.  Не само состојбите во ПИОМ и неговата се поголема зависност од буџетот,  туку ќе се променат сите структури на јавната потрошувачка, и на јавните приходи на радикален начин. Без разлика што сакате вие да правите, ќе нема веќе услови за да се продолжи со ваквите политики. 11 декември, или кога и да бидат изборите, или некоја нова влада, се непоходен услов да почнат потрезвено да размислуваат сите во оваа држава особено институциите во кој правец ќе се продолжи. Во стручната јавност нема многу различни мислења за сценаријата кои ни претстојат. Вие сега имате премиер кој вели 5% зголемување на пензиите наспроти сите пресметки. Тоа се 30 милиони евра годишно. Тоа пак во следните 10 години се 300 милиони евра само за таа донесена одлука на еден премиер. Пред избори. Такви одлуки се десеттина поврзани со државни субвенции, помош, стимулации. Мора да ја промениме реалноста зошто таа ќе не промени нас, како во Грција. Македонија нема објективни проблеми, туку субјективни, тоа е се луѓето кои ги водат тие потези. И тоа свесно ги влечат.  Ако ништо не се промени може во Македонија да дојде лавина од ифлација, пензиите на пример да останат исти од 15 000 денари но тие објективно да вредат 150 евра. Девалвација, инфлација, тоа се такви проблеми кои граѓаните веќе ги заборавиле последните 25 години, но може да се вратата“ - вели Поповски во дебатната емисија ’Тренд- економија и бизнис“ на 24 Вести.


Слично

Поврзани вести