ШТО ПО 11 ДЕКЕМВРИ: Идниот премиер го чекаат тешки денови!
Економијата по 11 декември мора да се “ресетира“, идниот премер ќе биде
најнепопуларниот бидејќи ќе се соочи со празна државна каса, големи долгови и
ранлива економија – смета економскиот аналитичар Зоран Витанов.
Еве кои се неговите проценки за тоа каде ќе с едвижи економијата по предвремените парламентрани избори:
“Буџетот е празен. Први позиции на кои ќе се рефелектира, односно одрази сегашната состојба се ПИОМ и долговите на ниво на државата. Стопанството има врзано многу пари за државата и тоа веќе нема да може да го издржи товарот, односно со свои пари да ги финансира сегашните економски политики. Доколку се оддржат изборите на 11 декември, постојат две сценарија. Прво доколку се случи промена на власта, односно победи друга опција, тогаш таа ќе мора да ја соопшти вистината за економијата, а таа воопшто не е добра. Во второто сценарио, доколку победи Вмро- Дпмне, тие ќе сакаат и ќе направат се да го искористат периодот не за економските спас на земјата туку за да опстојат на власт од лични, персонални побуди поврзани со отворените истраги за можни криминали. Ова сега со зголемување на пензиите, и најави за нови ветувања кои ќе бидат алиментирани со државни пари, практично се чист популизам која не е одржлив но е во интерес на преживување на актулената политичка гарнитура. Следниот премиер ќе биде најнепополарниот премиер во историјата на Македонија – ќе затекене не празна, туку каса во минус. Ние во пследните 600 денови се задолжуваме по 1,5 милион евра дневно. Каде води ова? Македонија веќе гази во многу лошо сценарио. По 11 декември, сакале или не, економијата ќе мора да се “ресетира“. Кога ќе се соопштат вистинските состојби, кога на површина ќе излезат вистинските информации, ќе бидеме запрепастени од она што се случува.
