Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО ПО 11 ДЕКЕМВРИ: Доста е економски политики со политичка позадина !

ШТО ПО 11 ДЕКЕМВРИ: Доста е економски политики со политичка позадина !

Економски одлуки со политичка мотивација, овој концепт не е одржлив и мора да се промени, вели универзитетскиот професор Игор Ивановски. Смета дека најранлива карика во економијата е државниот пензиски фонд и укажува на итни решенија поарди сепоголемата зависност на фондот од Буџетот.

“Дефинитивно, промени и на економски и на политички план мора да има.и она што е многу важно, да не се продолжи на овој начин. Носењето на економските одлуки кои се резултат на економски феномени и законитости, во Македонија, за промена после толку години треба да бидат резултат на економски законитости, а не на политички одлуки. Ние прово мора да се стабилизираме за да може да ги менуваме политиките. Граѓаните се загрижени бидејќи гледаат дека секојдневно многу работи се нодржливи. Граѓаните сакаат да живета подобро, проблем е тоа што тие ги убедуваат во тоа не носат одлуки во таа насока. Ако денска направите привид дека некому му е доборо денеска, тој утре ќе ја види цената на таа одлука. Ние конечно мора да зборувме со јазикот на економијата за економијата. Најсериозна е состојбата со ПИОМ, имено ние сега имаме формални обврски за новите вработувања со кои владата се фали, но трансфери нема, односно за дел од нив се плаќа од Буџетот, но за најголемиот дел има на пример само прокетирана обврска, а пари нема. Вие денеска плаќате за сегашниот пензионер, а вие кога ќе бидете пензионер очекувате дека некој друг ќе плаќа, односно тогашните вработени. Клулниот проблем или прашање е дали ќе има пензии за идните пензионери“ - вели професорот Ивановски.

Економијата по 11 декември мора да се “ресетира“, идниот премер ќе биде најнепопуларниот бидејќи ќе се соочи со празна државна каса, големи долгови и ранлива економија – смета економскиот аналитичар Зоран Витанов. 

Еве кои се неговите проценки за тоа каде ќе с едвижи економијата по предвремените парламентрани избори:

ШТО ПО 11 ДЕКЕМВРИ: Идниот премиер го чекаат тешки денови!


Слично

Поврзани вести