Што пишуваше на транспарентот поради кој беше уапсен Богоевски?
„Година по година, криминално здружение!
Партијата да се одвои од Гатачката!
Ај па и за апсаани да си дочекате!
Кога славите 10 години МВРО?“
- ова се пораките од транспарентот поради кој вечерва на роденденот на ВМРО-ДПМНЕ беше приведен активистот на Шарената револуција.
Како што соопштија од движењето припадниците на ЕБР примениле сила врз Павле Богоевски при што го уапсиле.
Тој во моментов се наоѓа во полициската станица Беко, а поддржувачите на Шарена револуција се собираат токму таму да му дадат поддршка и да бараат негово ослободување.
Слично
