Што пишуваат светските и медиумите во регионот за протестите во Скопје?
Протестите кои синоќа се одржаа во Скопје, против одлуката на претседателот Ѓорѓе Иванов за аболиција, привлекоа внимание во медиумите во регионот и пошироко.
За демолирањето на народната канцеларија на Иванов во центарот на Скопје, известува руската телевизија Раша тудеј. Веста за настаните во Скопје ја пренесе и Ројтерс, а преку него уште многу други светски медиуми.
Српски Курир пишува дека се приведени 12 лица, а повреден е и еден новинар. Бугарската Нова ТВ дава детален извештај за тоа зошто се протестира и кои се барањата на демонстрантите. Црногорската телевизија РТЦГ известува дека политичката криза која трае со месеци сега се префрли на улици.
Во Хрватска веста за демолирањето на претседателската канцеларија, ја пренесуваат телевизиите ХРТ, Ал Џезеира, весникот Слободна Далмација. Преку агенцијата Танјуг, телевизијата Б92, весникот Блиц, веста се прошири и многу други медиуми во соседството.
