Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што пишуваат грчките весници по посетата на Нимиц?

Што пишуваат грчките весници по посетата на Нимиц?

„Метју Нимиц во Скопје, со предлозите од Коѕијас“,  „Нимиц: Време е за одлуки“,  „Преговори без временски рок“,  „Спогодбата в фокусот на разговорите на Нимиц и Коѕиас“,  „Нимиц: сега е соодветно време за решение“ се дел од насловите кои осамнаа во грчките медиуми.

„Задржувајќи ја доверливоста на содржината на разговорите, министерот за надворешни работи Никос Коѕиас и специјалниот претставник на ОН, Метју Нимиц, нивната средба во Атина ја карактеризираат како „креативна и продуктивна“, а јавно се согласија дека прашањето за името на ПЈРМ веќе е созреано кон решение“ - пишува весникот „Нафтемборики“. 

Новинарите во Грција ги пренесуваат изјавите на медијаторот Метју Нимиц и шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас  по вчерашната средба и коментираат дека Нимиц од Атина заминува за Скопје, каде што ќе разговара за неговите, но и за грчките предлози и идеи.

„Се очекува Нимиц на раководството на ПЈРМ да му ги пренесе грчките предлози за решавање на името, додека, пак, ќе разговараат и за предлозите, односно како што самиот рече „неговите идеи“ за името“ - пишува информативниот портал Ин.

Нимиц по Атина ќе престојува во Скопје каде со државниот врв ќе се зборува за спорот со името. 

Слично

Поврзани вести