Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што пишуваат грчките медиуми за посетата на Коѕиас на Македонија?

Што пишуваат грчките медиуми за посетата на Коѕиас на Македонија?

Грчките медиуми малку простор и отстапија на посетата на министерот за надворешни работи, Никос Коѕиас на земјава.

Посетата на Коѕиас на Македонија не предизвика големо внимание во медиумите кај јужниот сосед. Грчкото МНР ги пренесе изјавите на Коѕиас од прес-конференцијата со домаќинот министерот Никола Попоски во Скопје, но може да се забележи дека посетата е слабо покриена од грчките медиуми.

Министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција во Скопје разговараа за мерките за градење доверба и за нивното можно надградување и проширување, како и за железничка линија од Битола до Лерин и за градење гасовод од Солун до Македонија.

Грчкото радио Атина 9.84 како наслов ја пренесува изјавата на Коѕиас дека ставот на Грција кон нашата држава е јасен.

Спорот за името меѓу двете  земји не беше на агендата на средбата меѓу Попоски и Коѕиас.

Слично

Поврзани вести