Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што пишуваат грчките медиуми за Македонија по изјавата на Коѕиас?

Што пишуваат грчките медиуми за Македонија по изјавата на Коѕиас?

„Коѕиас против санкции кон Скопје“, „Властите на ПЈРМ не се во позиција да прават внатрешни компромиси“, „Централниот проблем на ПЈРМ е недостиг на култура за демократски дијалог“.

Ова се дел од насловите во онлајн изданијата на грчките медиуми кои се уште известуваат за изјавата на шефот на грчката дипломатија, Никос Коѕиас во Луксембург.

Тој по Советот за надворешни работи на ЕУ во Луксембург, даде изјава во која ги повтори некои од неговите познати ставови, кој ја покажуваат позицијата на Грција. Медиумите во Грција веќе трет ден ја пренесуваат неговата изјава.

Неговата изјава беше протолкувана дека Грција всушност ја брани Македонија од санкции.

„Во принцип, како и грчката Влада, јас сум против системи на санкции. Во случајот со ПЈРМ, исто така, ние нема да дозволиме санкции. И вистинските пријатели на стабилноста на оваа земја се земји како Грција и Бугарија, а јас им повторив дека создавањето на оваа држава е реален факт на кој секој мора да гледа позитивно. Но, името на оваа држава и иредентизмот што го крие името се негативни елементи“ - изјави Коѕиас.

Тој кажа дека на Македонија треба да и се помогне преку дипломатски канали.  Според него, треба јавно да се притискаат лидерите во земјава да се движат во една или друга насока.

Слично

Поврзани вести