Што пишува Светска банка во извештајот за Западен Балкан?
Светската банка има поеќе препораки за земјите од Западен Балкан.
Земјите од Западен Балкан треба да направат ребаланс на своите финасиски сектори, со цел да обебзедат долгорочен економски раст на регионот.
Ова го наведува Светската банка во својот извештај „Управување со финасиските трансакции за инклузивен раст во Европа и Централна Азија“.
Во извештајот, објавен денеска во Виена, се вели дека преголемото потпирање на банкарските кредити резултирало со недоволен развој на пазарите на капитал и со зголемување на бројот на нефункционални кредити во регионот.
Светската банка смета дека развојот на финансискиот сектор не треба да се ограничи само на подобрување на пристапот до банкарски кредити, туку треба да им се овозможи на финансиските системи да се развиваат на избалансиран начин и во банкарскиот и во осигурителниот скетор, со цел да се поддржи инклузивниот раст.
Според податоците на Светската банка, 16% од кредитите во државите од Западен Балкан се нефункционални, што е меѓу највисокото ниво во светот. Од друга страна, само 38% од населението штеди, што е далеку под просекот во земјите во развој, каде изнесува 54%.
Се нагласува и дека проблем за западнобалканските земјите е недоверба во банките, која е поголема во споредба со кој било друг регион во светот.
„Надминувањето на оваа недоверба и зголемувањето на разновидноста на финансискиот систем во регионот се императив за одржлив и инклузивен раст. За тоа е потребна дополнителна меѓународна соработка, бидејќи разновидниот и стабилен финансиски системи бара поголем обем од оној што можат да го обезбедат земјите во регионот“ - вели главниот економиски советник на Светската Банка за Европа и Централна Азија, Ханс Тимер.
Во извештајот се потенцира дека за обезбедување на одржлив и инклузивен раст земјите од Западен Балкан треба да обезбедат балансиран финансиски развој.
