Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што открива новиот детал на новата банкнота од 20 евра

Што открива новиот детал на новата банкнота од 20 евра

Европската централна банка денеска пушти во оптек нова банкнота од 20 евра со унапредени безбедносни карактеристики со цел спречување на фалсификување.

Новиот детал „портрет прозор“ во близина на холограм станува транспарентен кога банкнотата се потпре на светло и го открива портретот на Европа, феничанската принцеза од грчката митологија по која Стариот континет го добил името, пренесе Франс прес.

„Готовината била и ќе продолжи да биде важно платежно средства. Воведувањето на нови банкноти од 20 евра е доказ за тоа“, рекол член од извршниот одбор на ЕЦБ Ив Мерш за новинарите во Франкфурт.

Новите банкноти , од кои досега се произведени 4,3 милијарди посетепено ќе ги заменуваат 20 евра од првата серија, кои ќе останат во употреба.

После банкнотите од пет евра во мај 2013 и банкноти од 10 евра во септември 2014 , ова е трета банкнота од серијата „Европа“ и , како и останатите содржи број со зелена боја која ја менува нијансата од зелена до плава во зависност од аголот на гледање.

Планирано е новата банкнота од 50 евра да биде пуштена во вториот квартал од 2017 година.

Слично

Поврзани вести