Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што одлучија Србите од десет српски општини во Косово?

Што одлучија Србите од десет српски општини во Косово?

Во Косовска Митровица денеска на седница од пратениците на десетте српски општини и на српските пратеници од општините во кои Србите не се мнозинство, едногласно се усвоени три заклучоци.

На седницата побарано од министерот и од директорот на косовската полиција да поднесат оставки.

Првиот заклучок е дека ќе ја формираат Заедницата на српски општини(ЗСО), доколку во рок од три недели Приштина не го започне овој процес. Тие изјавија дека се подготвени да работат заедно со Белград и Приштина, во согласност со Бриселски договор.

Вториот заклучок е барање да се казнат сторителите и извршителите на теророт над граѓаните, претставници на Србите и медиумите од 26 март, а министерот и директорот на полицијата да поднест оставка.

Тие ги повикуваат КФОР и ЕУЛЕКС да ја интензивираат будноста и превентивно да дејствуваат со цел да се избегнат напади врз српскиот народ.

На состанокот присуствуваа 120 од 150 советници. Пред носењето на заклучоците, говореа кои министрите во косовската Влада, Далибор Јевтиќ и Иван Тодосијевиќ, претседателот на „Српската листа” Горан Ракиќ, заменик-директор на Канцеларијата за Косово Петар Петковиќ, градоначалници и општинските советници.

Слично

Поврзани вести