ШТО ОДЛУЧИ ВРВОТ НА ЕЦБ: Има ли промена во основните каматни стапки?
Европската централна банка (ЕЦБ) ги остави клучните каматни стапки без промена по денешниот состанокот.
Каматната стапка по главните операции за рефинансирање останува 0%, а онаа граничното кредитно олеснување е 0,25%. Депозитна камата е на негативна територија во износ од -0,40%.
Одлуката на банката е сигнал дека економистите во Франкфурт не гледаат непосредна опасност за реконструкција во еврозоната, вклучувајќи ја и одлуката на мнозинството Британци земјата да ја напушти Европската унија.
„Управниот одбор продолжува да очекува основните каматни стапки да останат на актуелните или пониски нивоа подолг временски период, како и по завршувањето на програмата за квантитативни олеснувања“, пишува во соопштението на банката.
Според Bloomberg сега фокусот на инвеститорите се менува на тоа дали ЕЦБ ќе прогласи технички корекции во програмата за стимулации и тоа би било сигнал дали економистите подготвуваат издолжување на планот и по март 2017 година. Повеќето економисти анкетирани од Bloomberg, сметаат дека до крајот на годината ќе има такви промени, но прво ЕЦБ треба да го реши проблемот со достапноста на средства кои може да ги откупува.
Инвеститорите ја следат пресконференцијата на Драги која почна во 15:30 часот, на која тој може да даде повеќе објаснувања за намерите на ЕЦБ и прогнозите на институцијата за еврозоната.
Кон 15:50 часот, кога веќе траеше пресот, еврото забележа раст од 0,75% до 1,1319 долари за евро.
