Економија, финансии, бизнис

Контакт

ШТО ОДЛУЧИ РКЕ: Нови цени на горивата од ноќеска на полноќ

ШТО ОДЛУЧИ РКЕ: Нови цени на горивата од ноќеска на полноќ

Бензините и дизел горивата поевтинуваат за 1,5 денари по литар. 

Одлуката која денеска ја донесе Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) стапува на сила од ноќеска на полноќ. 

Со одлуката се врши намалување на рафинериските и на малопродажните цени на нафтените деривати за 4,02, односно за 2,89%.

Новата малопродажна цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 66, на ЕУРОСУПЕР БС-98 е 68, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) 51, а на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) 39,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ за 1,005 денари за килограм се намалува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 26,397 денари за килограм.

Како причина за намалување на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги наведуваат за 4,86%  пониската просечна цена на суровата нафта на светскиот пазар во изминатите 2 седмици и за 0,035% понискиот курс на доларот во однос на денарот.

Слично

Поврзани вести