Што одлучи ОПЕК за производството на нафта?
Ќе се намали производството на нафта.
Ваков договор постигнаа членките на Организацијата на земјите извознички на нафта ОПЕК. Ова се случува за прв пат во изминативе осум години.
Тие ќе го намалaт производството на сурова нафта на 32,5 милиони барели дневно од сегашното ниво од околу 33,24 милиони барели дневно. ОПЕК ќе побара соработка и од земјите кои не се членки на организацијата. Производителите ќе одредат конкретни цели за секоја земја-членка на ОПЕК, веќе на следниот состанок што ќе се одржи во ноември.
Договорено е прецизните квоти за секоја земја да бидат утврдени на состанокот во Виена што ќе се одржи на 30 ноември. Тоа беше сигнал за зголемување на цените на нафтата. ОПЕК во која членуваат 14 земји контролира 40% од продукцијата на нафта во светот. Меѓутоа големите произведувачи како Русија е надвор од оваа организација.
Неформална средба на ОПЕК се одржа како дел од Меѓународниот енергетски форум, кој се одржа во Алжир од 26 до 28 септември.
