Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што одлучи Грција за азил на турските војници?

Што одлучи Грција за азил на турските војници?

Владата во Грција го одби барањето за азил на седум од осумте турски војници, кои по неуспешниот воен пуч од Турција со хеликоптер побегнаа во Грција. 

Осмиот војник уште чека одлука.  Осуммина припадници на турската војска на 16 јули, еден ден по обидот за пуч, пребега во Грција, јавија британските медиуми.

Со воен хеликоптер тие слетаа во градот Александропулис, во близина на турската граница.

По одлуката на грчката Влада, турските војници, меѓу кои двајца се офицери, соопштија дека се жртви на „билатералната политика“ и дека комисијата за азил при разгледувањето на нивните барања не ги зела предвид меѓународното и европското право, туку „исклучиво се водела од билатералната политика“.

Анкара во август официјално го побара екстрадирањето на војниците, обвинувајќи ги за учество во неуспешниот обид за државен удар. 

Турскиот Парламент синоќа ја потврди одлуката на Владата за продолжување на вонредната состојба за уште три месеца, што беше воведена по 15 јули. 


Слично

Поврзани вести