Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што очекува Заев на крајот на август?

Што очекува Заев на крајот на август?

Лидерска средба и избори во декември. Ова се очекувањата на опозицискиот лидер кој денеска ги сподели на средбата со словачкиот амбасадот Мартин Безак.

На средбата двајцата функционери разговараа за актуелната политичка ситуација во земата и текот на премените обврски за регуларни избори на Македонија.

„Очекувам секој да биде на ниво на сериозноста, на 31-ви август да се одржи лидерската средба на којашто ќе утврдиме дека во декември ќе се одржат следните предвремени парламентарни избори во Македонија“, рече Заев.

Заев соопшти дека СДСМ е категорично определена граѓаните на следните избори слободно да изберат на кого ќе ја дадат одговорноста да ја води државата и оцени дека според расположението на терен и анкетите тоа ќе бидат Социјалдемократскиот сојуз и опозицијата.

„СДСМ е постојано на терен, ги знаеме сите проблеми во државата и имаме конкретни, реални и одржливи мерки како да обезбедиме добар животот за луѓето и перспектива на државата. Со голем дел од нив граѓаните веќе се запознаени и даваат  безрезервна поддршка на промените што ќе се случат“, додаде Заев.

Амбасадорот Безак, како претставник на земјата којашто сега претседава со Европската унија изрази надеж за демократски избори во Македонија што ќе донесат демократски прогрес на државата кон ЕУ, додаваат од СДСМ.

Слично

Поврзани вести