Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што очекува Бугарија годинава од зимскиот туризам?

Што очекува Бугарија годинава од зимскиот туризам?

Бугарија очекува 5-6% раст на туризмот во зимската сезона. 

Поголем ќе биде растот на гостите од Балканот и Русија.  Земјата имала раст на бројот на реализираните туристички ноќевања и ланската зимска сезона, покажуваат податоците на европската статистичка служба Евростат.

Бугарија е во топ 6 земјите од ЕУ по растот на туристичките ноќевања. 

Бугарите сметаат дека растот во голема мера се должи на геополитичката ситуација, а не на напорите за рекламирање на земјата како дестинација за зимски одмор. 

Растот на ноќевањата во претходната сезона беше 9% во споредба со зима 2014/2015 година, и тогаш бројот на ноќевања  достигна близу 4,2 милиони.

Уделот на странските туристи во зимските комплекси е околу 38%, и тие  реализирале 1,6 милиони од сите ноќевања.


Слично

Поврзани вести