Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што нуди петтиот пакет мерки за помош на економијата?

Што нуди петтиот пакет мерки за помош на економијата?

Со нов сет на мерки ќе се опоравува економијата погодена од корона кризата.  Петтиот пакет мерки кој денеска го презентираше премиерот Зоран Заев, ќе понуди помош за повеќе категории граѓани. 

Ќе им се помогне на угостителите, тутунарите, медиумите. Најмногу барања имало за помош на платите, но има многу предуслови и ова ќе треба да се разгледа. Заев очекува дека оваа година ќе донесе рестарт за економијата. Планирано е бришење на каматите на долговите за сите граѓани. 

„За тутунот ќе имаме сигурно мерка оваа година и верувам дека министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, заменикот и неговиот тим навистина ќе искреираат убав пакет како да помогнеме, оти последици меѓу другото на КОВИД-19 се и пониските откупни цени од последните три години. Тоа е нашиот народ, огромен број население живее од тоа и тука ќе имаме сигурно разработена мерка“, рече Заев. 

Претходно, со неколку сетови на мерки, државата го ублажи ударот на пандемијата. 

Во изминатиов период од повеќе сектори апелираа да им се помогне да го поминат овој кризен период. 

Слично

Поврзани вести