Што нуди Брисел за младите кога ќе наполнат 18 години?
Брисел има идеја како да се бори против кризите кои се појавија во ЕУ, а тоа е да им дели бесплатно на тинејџерите „InterRail“ билети за 18 - от роденден и со него ќе можат месец дена да патуваат низ Европа со воз.
Европската комисија и Европскиот Парламент во Стразбур оценија дека ова е одлична идеја.
Околу 300.000 млади годишно ги користат услугите на „InterRail“ и патуваат со регионални возови.
Оваа инцијатива потекнува од 2014 година и е идеја на двајца германски активисти кои сакаа да ги „залечат раните“ на поделената земја.
Идејата е добра, но не е јасно како ќе се финансира затоа што е скапа и еден билет чини 470 евра.
Се проценува дека проектот ќе чини милијарди долари.
Пореално е да се направи доделувањето на билети преку лотарија.
