Што ни кажуваат тетоважите за економијата?
Во изминатата деценија популарноста на тетоважите меѓу Американците се зголемила двојно, покажа неодамна спроведено истражување. Според информациите во моментов барем еден од членовите на 40% од американските домаќинства е тетовиран, додека во 1999 година истото било валидно за само 21% од семејствата.
Што знаеме за тетовирање луѓе? Тие не се рамномерно распределени меѓу американското население, но се почести во семејства со релативно ниско ниво на образованост. 50% од луѓето со средно или пониско образование во САД живеат заедно со тетовирани (или самите тие имаат тетоважа), додека истото се јавува во 22% од случаите на луѓе со високо образование.
Подетална студија од 2004 година, објавена во научниот журнал на Американската академија за дерматологија, покажува слични резултати. 40% од дипломираните во гимназија имаат тетоважа, додека луѓето со повисок образовен степен се само 12%. Од Резултатите се пониски, бидејќи оваа студија е спроведена пред 10 години и со неа се истражени одделни луѓе, а не домаќинства.
Резултатите од 2004 година покажуваат дека тетоважите се повеќе популарни меѓу младите луѓе, личности, кои поминале три или повеќе дена во затвор, луѓе со минато во армијата и меѓу оние кои во даден момент од својот живот користеле дрога. Општо земено, резултатите пред 10 години целосно се поклопуваат со најпопуларното разбирање дека тетоважите се популарни меѓу помалку образованите и меѓу оние кои имаат ризично однесување.
Го менуваат ли сепак тетоважите однесувањето и животот на луѓето?
Новото истражување покажува дека ниските приходи на луѓето со тетоважи во Америка не асоцираа на самите тетоважи. Истражувачите од универзитетите во Мајами и Калифорнија откриваат дека кога ќе се земе предвид образованието и други фактори кои можат да влијаат негативно врз приходите на луѓето, она што тие го имаат како тетоважа, е статистички незначителна. Со други зборови кажано, тетовирани луѓе заработуваат помалку пари од другите, но тие би заработувал помалку и ако не беа тетовирани.
Друго истражување покажува дека тетовираните се среќаваат со потешкотии при наоѓање на работа. Научниците претставиле биографија и слика на потенцијален работник на 192 менаџери на ресторани. Тие биле прашани дали би вработиле . Во едната од варијантите на сликата не се гледале тетоважи, а во другата и двете раце на човекот биле тетовирани.
Се покажало дека тетоважите ја намалиле веројатноста човекот да биде ангажиран со 18%. Негативен ефект бил истакнат повеќе кај жените кои конкурираат за работа, отколку кај мажите.
Студија покажуваи дека тетоважите нанесуваат штета и надвор од пазарот на трудот, зголемувајќи го значително ризикот од заразување со Хепатит Ц и слични болести. Ако садовите не се целосно стерилизирани, инфекциите лесно можат да бидат пренесени од човек на човек.
Сето тоа веројатно би предизвикало прашања меѓу нететовираните луѓе. Која е причината некој да си предизвикува толку штета?
Економистот Стив Левит смета дека тетоважите се сигнал за нешто, бидејќи тие се скапи и тешки се бришат.
"Фактот дека тетоважите се трајни, ги прави исклучително моќни уреди за сигнализирање: Бидејќи тетоважите се болни и чинат многу во однос на работата, не е тешко да се разбере зошто тетоважите се причина за луѓето да се зафатиле со активност која евентуално може да ги внесе во затвор. Ова сепак не важи за младите луѓе кои преземаат таков чекор во животот. "
Подемот на тетоважите е одраз на растечката желба за бунт меѓу луѓето. Да имаш тетоважа е перманентен симбол на бунтот, покажува дека ти не ги одобруваш утврдените од "елитата" норми. Сите ризици поврзани со тетовирањето, лесно се заменуваат со задоволство дека си подготвен да покажеш дека играш по други правила, пишува Питер Орзаг.
Ако е таков случајот, тетоважите ќе го продолжат подемот, а голем дел од Американците ќе имаат ограничени можности за професионален развој. Барем до моментот во кој луѓето ќе престанат да судат за професионалните квалитети на даден човек по мастилото по неговата кожа.
К.К.
Слично
