Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што ни готви Samsung за 2015 година !?

Што ни готви Samsung за 2015 година !?
Тешката година, која многумина ја прогнозираат за Samsung, официјално започна во понеделникот на Consumer Electronics Show во Лас Вегас. Таму главниот извршен директор на компанијата ќе ја отвори конференцијата. Сепак неговиот говор нема е во фокусот на најголемиот извор на приходи за Samsung, нејзиниот бизнис со мобилни телефони и таблети. Овој сегмент, сепак има стагнирачка продажбата и е одговорен за речиси 60 отсто пад во профитот на Samsung во однос на една година порано. На краток рок Samsung ќе се фокусира на своите скапи смартфони и таблети, додека помалите, но брзо растечки компании како Xiaomi заземат се поголем дел од пазарот, создавајќи уреди кои се исто толку добри, но чинат двојно по малку. Но долгорочниот план на Samsung вклучува повеќе од телефони. Едно е сигурно - компанијата прави голем чекор кон т.н. Производи на Интернет. Тоа значи дека ќе контролира повеќе уреди во домовите, кои можат да се поврзат со интернет. Доказ за тоа е фактот дека минатата година компанијата ја купи старт-ап компанијата SmartThings која функционира според слична платформа. Оперативниот систем на Samsung Electronics, кој треба да стане конкурентен на оној на Google, се насочува од телефоните на големите телевизори. Ова се случува бидејќи јужнокорејската компанија се обидува да ги искористи интелигентните уреди во домовите. 0000186639-article3 Најголемиот производител на телевизори во светот ќе ги претстави првите уреди од овој тип со софтверот Tizen за време на Consumer Electronics Show (CES) оваа недела. Сите негови модели кои можат да се поврзат со интернет, ќе користат оперативниот систем до крајот на годината. Компанијата може да покаже на CES и како телевизорите можат "да комуницираат" со машината за перење, фрижидерите и правосмукалките во домот. Изградба на бизнисот со телевизори околу Tizen ќе и помогне на компанијата да создаде "многу интелигентен и интегриран систем", тврди Уон Џин Ли, извршен потпретседател на Samsung Electronics. Со ист оперативен систем ќе работат и најпаметните часовници Geаr 2 и Gear 2 Neo кои излегoа на пазарите во април 2014 година. И двата се компатибилни со телефоните на Samsung од серијата Galaxy. К.К.
Слично

Поврзани вести