Што НЕ сакаат хороскопските знаци?
До сега веројатно го имате проучено својот партнер (партнерка), или потенцијален партнер, што сака, каков/ва е, што сака да јаде и слични ситници. Но, дали знаете што е она што НЕ го сака?
Еве што треба да избегнувате според хороскопските знаци:
Овен. Никако, ама никако не му кажувајте на Овенот што треба да прави. Ќе ја спушти главата и ќе ги подготви роговите за удар на оној кој му ја наметнува својата волја. Тоа ги вклучува и шефовите кои најчесто ги игнорираат. Овните знаат да се справат и дискретно со оние кои им пречат, но немаат никаков проблем и да ве удрат за да ве потсетат каде ви е местото (не насилно).
Бик. Не сакаат некои да им ги крати нивните уживања – не им ја допирајте храната и ситниците кои им значат. Тешко им е да сфатат дека постојат и поважни нематеријални работи, па затоа имајте разбирање. Не им ги допирајте одлуките и креативноста – тоа исто така е нивна „црвена крпа“.
Близнаци. Немојте да се обидувате да ги замолчите. Не прифаќаат критики. Не се лесни за одржување врска или пријателство, но имаат добра душа па затоа и се исплати да се потрудите.
Слично
