Што напиша германски „Шпигел“ за Охрид
Со оглед на големиот интерес кој на социјалните мрежи и во коментарите на нашите читатели го предизвика текстот „Германец во Охрид – Алиса во земјата на чудата!“ Фактор и интегрално Ви го пренесува преводот од текстот објавен на интернет изданието во германски Шпигел како и линк до оригиналниот текст на германски јазик.
Таксистот пивнува од кока колата и не си заминува. Ова предизвикува двојна зачуденост, прво затоа што не ретко на таксистите им се нуди нешто за пиење, кога некого превезуваат до местото на сместување. И второ поради тоа што на температура од 32 степени во сенка не запознав многу странични улички во Лагадин на Охридското Езеро, туку повеќе бев изложен на шармот на тирадите со македонски пцости. Уште на почетокот се договоривме за непроменлива цена, па затоа таксистот огорчено се нервираше за секоја дополнителна минута, изгубена во влегување во погрешни улички.
„Robinson Sunset House“ е прилично сокриена. Еден сопственик на хостел во Тирана претходно ми беше кажал за неа како за познато евтино сместување во регионот. Сега како пијалок за поздрав има кока кола; бубачките „жежи-печи“ зујат, градината цути, а процутува и таксистот. Заборава на времето и работата и се задржува повеќе од половина час.
Неколку десетици висински метри над фронтот од плажи со редици хотели, неколку километри од зданијата со кревети, коишто се нарекуваат „Бетон“ и „Гранит“, а исто така и изгледаат, се наоѓа градината на семејството Мишевски. „Со задоволство разговарам со луѓе“ – ја опишува Андон Мишевски, малку коса, многу брада, неговата мотивација да сместува гости овде. Исто така му причинува задоволство да гради куќи, речиси секоја година создава нов апартман за еден или двајца посетители. Десет евра чини ноќевање во рустикално едноставните, но пријатни соби.
Празничен оброк со ракија
Куќата Робинсон не е уреден комплекс за одмор, туку битие од мешавини, со висечка лежалка и холивудска лулашка, со живина во кафези и валкан базен, во кој некој уметнички надарен гостин нацртал огромна ајкула. Насекаде има расфрлани работи, дрвени буриња, саксии, расипани гитари. Овој амбиент на бабска градина кај некои би предизвикал желба за малку потсредување. Но, кај мене ретко нешто предизвикува чувство за раскревање. Па затоа на моето чувство за одмор бргу му се придружува чувство како да си дома.
Првата вечер се собраа некои гости на долга дрвена маса на празничен оброк со свежи салати и јадења од месо во големи количини до цркнување, придружени со домашна ракија и балканска поп музика од лаптоп. Подоцна намина и еден млад дечко со акустична гитара, пријател на семејството, којшто станал локална ѕвезда како финалист во ТВ-шоуто „Македонски идол“ 2011 и спонтано отсвири концерт.
Сакав да останам само до следното утро, но сепак одлучив да останам уште две ноќи. Во Куќата „Робинсон“ не им се случува само на таксистите да се задржат подолго.
Фактор се извинува на авторот на текстот Штефан Орт, и на останатите засегнати доколку интерпретацијата на текстот кој првично беше објавен создал забуна или ги навел читателите на погрешни заклучоци.

Слично