Економија, финансии, бизнис

Контакт

Што најмногу купувале граѓаните во ноември?

Што најмногу купувале граѓаните во ноември?

Во ноември 2025 година, во однос на истиот месец од претходната година, реалната стапка на прометот во трговијата на мало со храна, пијалаци и тутун е зголемена за 6,5 отсто, објави Државниот завод за статистика(ДЗС).

Гледано по групи и класи, стапката на прометот во групите: трговија на мало со храна, пијалаци и тутун номинално е зголемена за 13,7 отсто, а реално за 6,5 отсто, во трговијата на мало со непрехранбени продукти, освен гориво, номинално е зголемена за 5,6 отсто, а реално за 1,5 отсто.

Прометот во трговија на мало, освен трговија со горива, пак, во истиот период номинално е зголемен за 9,5 отсто, а реално за 3,9 отсто.

Прометот на трговија на мало со автомобилски горива реално опаѓа за 5,7 отсто, а номинално за 6,9 отсто.

foto freepik.com

Слично

Поврзани вести