ШТО МУ СЕ СЛУЧИ НА MESSENGER - пораките или доцнат или воопшто не пристигнуваат
Платформата Messenger на социјалната мрежа Facebook утрово има големи проблеми во своето функционирање.
Проблеми на оваа апликација се појавија уште утрово, односно текстуалните пораки кои вообичаено си ги пренесуваат корисниците, стигнуваа или со задоцнување, или воопшто не пристигнуваа.
Има тајминзи во кои платформата е тотално неупотреблива и по неколку минути, а потоа пристигнуваат пораките со големо доцнење.
Одредени фотографии, пак, воопшто не можат да се даунлодираат и да ги види соговорникот од спротивната страна.
Се очекува компанијата да објави кои се причините за овој проблем, и кога тој ќе биде надминат.
Слично
